Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Во Берлин беше постигнат компромис, но го одбија Борисов и Радев

0
By Нова ТВ on November 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На средбата на германското претседателство со ЕУ со владините делегации на Бугарија и на Северна Македонија во понеделникот во Берлин, бил постигнат компромис што Софија подоцна го одбила, изјави претседателот Стево Пендаровски во вчерашното интервју за „360 степени“.

– Тимовите разговараа пред некој ден во Берлин. На маса биле отворени неколку идеи. Со исклучителен ангажман на двајцата германски министри Хајко Мас и Михаел Рот, според извори од двете делегации, беше најден заеднички договор, рече Пендаровски.

Бугарија, сепак, не го прифатила тоа што начелно било договорено од шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, вицепремиерот за евроинтеграција Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Пендаровски вели дека засега нема точни информации туку има само шпекулации што се случило.

– Наводно тоа што е усно договорено во Берлин подоцна е одбиено и од нивниот претседател Румен Радев и од премиерот Бојко Борисов, рече Пендаровски.

Прашан како од 1 до 10 би ги оценил шансита во декември сепак да се одржи првата меѓувладина конференција и земјава да ги почне пристапните преговори со ЕУ, шефот на државата кажа дека шансите  се 3.

Отежнувачки фактор, смета претседателот Пендаровски, е и тоа што Бугарија е влезена во предизборен период кога тензиите се на повисоко ниво и тешко се отстапува од искажаните позиции. Атмосферата што се создава во Бугарија, според него, наликува на ситуацијата во Грција пред Самитот на НАТО во Букурешт.

– Не можам во овој момент да ѝ дадам на целата македонска јавност количина на оптимизам кон ова прашање. Јас имав изминативе денови разговори и со германскиот претседател и со бугарскиот претседател. Од сето она што го склопувам како информација и од нашата мисија во Брисел и од нашите пријатели кои не се малку во Европската унија, е дека Бугарија во овој момент делува како да е тврдо решена да постави блокада на нашиот пат кон ЕУ. Не би сакал да прејудицирам, бидејќи тие го одложија Советот за општи работи за 17 ноември, што значи има десетина дена во кои може да се најде заедничка солуција, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.