Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Во услови на пандемијата ја искусивме важноста на солидарноста во НАТО

0
By Нова ТВ on April 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нашето членство во НАТО се совпадна со избувнувањето на пандемијата и во почетните месеци на оваа глобална криза, македонските граѓани ја искусија важноста на солидарноста во Алијансата, бидејќи добивме вредна поддршка од земјите членки, како и од самата организација, изјави претседателот Стево Пендаровски по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, заблагодарувајќи се пружената помош во овој период.

– Ова е моја прва посета на НАТО како претседател на Република Северна Македонија. Неодамна, на 27 март, ја одбележавме првата годишнина од нашето членство во НАТО. Ни требаа многу години, донесовме многу тешки одлуки, но бевме упорни во остварувањето на нашата стратешка цел. Веруваме дека членството во НАТО е многу важно за одржување на безбедноста и стабилноста како предуслов за просперитет и зајакнување на демократските институции, нагласи Пендаровски.

Тој истакна дека пандемијата е само еден од предизвиците на хоризонтот и земјава како членка на НАТО, активно ќе учествува во справувањето со традиционалните и новите закани, при што ќе го стори на најмалку три начини.

– Прво, со инвестирање во одбраната. Нашиот сегашен буџет за одбрана е на 1,57 отсто од БДП. Ние сме посветени на постигнување на прагот од 2 проценти до 2024 година, во рамките на кој веќе одвојуваме 20 отсто од буџетот за модернизација на нашата армија, во согласност со сите стандарди на НАТО, потенцира шефот на државата.

Вториот начин, според него, е продолжување на реформите во одбраната, при што членството во НАТО ни помага да ја зајакнеме отпорноста на нашиот безбедносен систем, особено кога станува збор за предизвици наметнати од трети страни.

– Бидејќи сме мета на хибридни закани во последните неколку години и се наоѓаме во кревка област каде што сè уште има отворени прашања, соработката со разузнавачките и безбедносните структури на НАТО е од најголема важност за Северна Македонија, истакна претседателот на Републиката.

Тој додаде дека тертиот начин е заедничко извезување на безбедност преку операции предводени од НАТО, потсетувајќи дека земјава години пред да стане членка на Алијансата, е дел од нејзината мисија во Авганистан, а од неодамна станавме распоредивме свои сили и во составот на КФОР.

– Ја поздравуваме одлуката да се започне со повлекување на мисијата „Решителна поддршка“ на НАТО до 1 мај.

Сепак, нашата намера е да останеме вклучени во сите мисии предводени од НАТО денес и во иднина, потенцира Пендаровски.

Според него, претстојниот самит на НАТО ќе биде добра прилика да се разговара за новите предизвици, но исто така и за зајакнување на трансатлантското партнерство кое без сомнение, ќе има позитивно влијание врз стабилноста на Западен Балкан.

– За време на нашата средба со генералниот секретар, разменивме мислења за сите овие теми, но исто така и за тековната иницијатива НАТО 2030 која има за цел да ја направи силната Алијанса уште посилна, додаде претседателот Пендаровски.

Како што информира Кабиентот на шефот на државата на средбата Пендаровски – Столтенберг станало збор за соработката меѓу Република Северна Македонија и НАТО, за актуелните регионални и безбедносни прашања, за надворешно-политичките приоритети на земјава и за можностите за продлабочување на соработката во справување со последиците од глобалната пандемија на Ковид-19.

– Претседателот Пендаровски во разговорот со генералниот секретар Столтенберг, ја реафирмираше подготвеноста и посветеноста на Република Северна Македонија во промовирање на мирот и стабилноста, истакнувајќи дека земјава и во иднина активно ќе придонесува во меѓународните мировни мисии предводени од НАТО во регионот и пошироко, се додава во сопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.