Зградата на Пентагон е затворена, а персоналот доби забрана за излегување поради пукотниците што одекнаа на автобуска платформа пред објектот. Официјални лица истакнаа дека неколку лица се ранети, како и дека полицијата трага по напаѓачот кој сè уште е активен. Некои медиуми објавија дека меѓу повредените има и еден полицаец.
Агенцијата АП, повикувајќи се на неименувани извори, наведе дека најмалку едно лице е повредено и неговата здравствена состојба е непозната.
Како што е соопштено од Пентагон, пукотницата се случила на автобуска станица пред главниот влез во зградата што сејкојдневно го користат илјадници вработени. Зградата во моментот е затворена поради „полициска активност“, а пренасочени се линиите на метрото и на автобусите.