Партија за економски промени 21, упати барање до претседател на сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Драги Аргировски, да одговори како и за што се трошат околу 150.000 евра месечно, односно над 1.5 милиони евра годишно – пари кои редовно легнуваат на сметка на Сојузот на здруженијата на пензионери?
„Дали пензионерите се информирани кој располага со нивните 30 денари кои секој месец се одвојуваат од нивните пензии и се префрлаат на сметка на Сојузот на здруженијата на пензионери? Ако земеме во предвид дека има околу 300 000 пензионери од кои секој месец по 30 денари легнуваат на сметка на Сојузот на здруженијата на пензионери, се поставува прашањето што се случува со околу 150 000 евра месечно или над 1,5 милиони евра годишно, пари од пензионерите“, се вели во соопштението на партијата.
ПЕП 21 го прашува Г-динот Аргировски, покрај редовната пензија, колкави и какви дополнителни месечни приходи и привилегии има тој, вршејќи ја функцијата претседател на сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.