Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Перо Антиќ: Во првата петорка на Хокс, се надева на плеј-оф

0
By Нова ТВ on March 31, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Јане Бојаџиевски, Глас на Америка на македонски

Македонскиот интернационалец во дресот на Хокс вели дека има огромна поддршка од тренерот Мајк Баденхолзер и од соиграчите. По повредата на ѕвездата на тимот, Ал Хорфорд, Перо Антиќ се наметна во првата петторка и речиси секој натпревар го завршува со двоцифрен број на поени.

„Никој не очекуваше дека вака ќе тргне сезоната, задоволен сум, и продолжувам со ист ритам“, вели Антиќ.

Минутажата на паркетот зависи од противникот, а последниот збор го има Баденхолзер. За односот со него, Антиќ потенцира: „Тренерот беше главната причина да дојдам во НБА. Да те побара тренер, многу значи. Ме гледал за време на `Фајнал фор` во Евролигата и на Европското првенство 2011-та. Му се допаднало како играм. Имам голема поддршка од него. Дури и самиот прифаќа совети; прашува за некои акции, на пример, како би одиграле во Европа“.

Атланта западна во опасност да не се пласира за плеј-оф натпреварите поради редицата повреди, но Антиќ смета дека не е се` загубено.

„Остануваат уште 10-тина натпревари, ќе го дадеме максимумот. Треба да дадеме се` од себе на теренот и да одиграме заедно“, вели македонскиот интернационалец.

Во февруари беше избран да игра на „Ол-стар“ натпреварот во Њу Орлеанс, во категоријата на играчи кои постигнале најголем напредок. За 31-годишниот центар, истовремено и „руки“ во НБА, тоа има повеќекратно значење: „Многу значи. Пред се`, да го видам националното знаме на отворањето на главниот натпревар „Исток-Запад“ е голема чест за мене и за Македонија. Никој не очекуваше дека со 31-на година ќе бидам на тој `ол-стар` меч. По повредата, и довербата што ја добив од тренерот, одиграв супер цел месец и мислам дека заслужено ја добив поканата од тренерите и гласовите да учествувам на тој натпревар. Штета што поради повредата не играв, но сепак ме повикаа да бидам дел од тимот“, раскажува Антиќ.

Иако новиот селектор на македонската репрезентација Александар Џинкиќ најави дека не се откажува од играчите што беа столб на селекцијата, Антиќ вели: „Мислам дека 99% не би можел да ме предомисли поради тоа што и оваа сезона имав проблем со повредите. Како прво, со стапалото. Имав и операција. Иако мала фрактура, незначителна, но сепак и тоа е повреда. Сакам да го одморам телото. Со играчите од репрезентацијата ќе ме имаат како поддршка на трибините, на тренинзите, но многу потешко е дека ќе учествувам на натпреварите“.

Вели, барем засега, размислува да остане уште година во НБА, иако не исклучува да се врати во Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.