„Желбата да го освојам Златниот лав во Кан беше првата која што си ја замислив кога влегов во овој бизнис. Не златен, туку добивме Титаниумски лав, нешто најценето во оваа категорија.
– После 16 години чекање конечно го освоивме она што на никој во регионов не му успеало“, вели за НОВА Сашо Пешев, прв човек на Њу Момент.
НОВА имаше намера да го интервјуира креативниот директор на Њу Момент, Душан Дракалски, но како што не информираше Пешев, тој доаѓа утре, кога на јавноста на прес конференција ќе и биде претставена наградата од страна на Пешев и Дракалски.