Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Песната “Послушајте патриоти” во нео-нацистички спот

0
By Нова ТВ on June 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


На YouTube се појави рок верзија на патриотската песна „Послушајте патриоти“ на која е налепен аматерски нео-нацистички спот. Всушност, станува збор за серија на фотографии и цртежи, кои се појавуваат еден по друг, што е типична постапка кога нешто се сака да се стави на YouTube, но се нема видео снимка.

Не е познато дали рок верзијата на „Послушајте патриоти“ има врска со спотот, таа не може да се најде на друго место на YouTube, но многу лесно е можно и некој да ја украл и да налепил нео-нацистички слики врз неа, а авторот на музиката да нема врска со авторот на спотот. Под спотот стои „ Mazedonien Uber Alles – Македонија Над сите 14/88“.

Имено, нео-нацистите често го комбинираат бројот 14 со 88: бројот 8 ја означува осмата буква во азбуката Х (H) и оттука, ХХ (HH) значи Хајл Хитлер. 88 го означува ставот на Мајн Камф:

Она што ние мора да се бори е да се заштитат постоењето и репродукција на нашата раса и на нашиот народ, издржувањето на нашите деца и на чистотата на нашата крв, слободата и независноста на татковината, така што нашите луѓе можат да созреат за исполнување на мисијата, распределени од страна на креаторот на универзумот. Секоја мисла и секоја идеја, секоја доктрина и сите знаења, мора да служи на таа цел. И сè мора да се испита од оваа гледна точка и се користи или е одбиена во согласност со нејзината корист.

Верзијата на песната е пуштена на канал, кој се вика „Крв и чест“ или на германски „Blut und Ehre!“ Ова е мото на Хитлеровата младинска парамилитарна организација (Hitler-Jugend-Fahrtenmesser) на Нацистичката партија која постоеше од 1922 до 1945 година. Припадниците на оваа организација носеа нож како дел од нивната униформа.

На каналот има редица спотови во кои ги носат имињата на навивачките групи, но и неонацистичка музика од британско или германско потекло.

Спотот, пак, е преполн со елементи на омраза, типични за неонацистичката идеологија. Се забележува национал-шовинизам, омраза кон другите идеологии (левичарските се исмевани), кон нации (Албанците се најмногу навредувани), кон држави (се пцуе Бугарија, се бара стоп за Грција и се покажува братство кон Хрватска), кон геј заедницата и други.

Војници од СС трупите на Третиот рајх маршираат пред македонски национални симболи, карти на обединета Македонија и слично, а целиот спот е преполн со кукасти крстови и тоа и оригинални нацистички и православни со круг преку краците.

Македонската национална иконографија се состои од познатите симболи, наголемо се употребува картата на обединета Македонија и се бара спречување од отцепување на северо-западниот дел од земјата. Како кулминација, спотот завршува со слика на 16-кракото сонце во чија средина има кукаст крст.

За жал, никулци на нео-нацизмот се појавуваат и во Македонија. Овој спот доаѓа откако на Фејсбук се појавија страни на Македонската национал-социјалистичка организација – Македонска зора (која веќе има 207 пријатели) и на Македонската национал–социјалистичката партија – Македонска зора.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.