„Деновиве пред пет години, од 2 до 4 април се одржа самитот на НАТО во Букурешт. Тогаш премиерот Костас Караманлис рече НЕ за влез на Македонија во НАТО и стави вето додека не се реши прашањето за името преку преговори.
– По големото спротивставување и од Скопје и од повеќето наши партнери во НАТО, грчката Влада не го смени својот став. Нашата Влада тогаш јасно даде до знаење дека истиот став ќе биде применет и во односите меѓу Европската унија и Македонија“, пишува грчкиот информативен портал Њузбомб.
Во текстот со наслов „Пет години по ветото во Букурешт за Скопје, тогаш кога владите велеа и НЕ!“ се потсетува на она што се случуваше пред Самитот на Алијансата и за „притисоците врз грчката Влада кои биле многубројни и големи“.