Во последните пет години на позитивната листа на лекови не е ставен ниту еден нов лек. Единствено болните од леукемија извршија притисок за да можат да се лекуваат со современ препарат.
Комисијата за позитивна листа на лекови не функционира од 2008-ма година, а новите 14 комисии кои требаше да почнат со работа на почетокот на минатата година сеуште не се формирани.
Поради ова неможат да се применуваат новите протоколи во лекувањето, а на пациентите им е скратено правото да се лекувуваат со нови совремeни лекови велат во здруженијата на пациенти.
На овој начин не само што му се нанесува штета на здравството и на граѓаните, туку надлежните не ги почитуваат законите кои самите ги имаат донесено.