Напаѓачите на зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина и други институции во Сараево, кои беа уништени и запалени при протестите во земјата, се соочуваат со затвор од најмалку пет години.
Федералната полиција во средата поднесе извештај до Обвинителството на БиХ против непознати чица за тероризам, во врска со кривичното дело напад на уставниот поредок.
Весникот „Независне новине“ објави дека според правни експерти, за тероризам и напад на устаниот поредок се предвидува казна затвор од минимум пет години.
-Федералната полиција бара наредбодавец или поттикнувач, како и извршители кои биле повеќе.Уништени се објекти, но повредени се и полицајци. Може да се случи некои лица да бидат осудени за повеќе кривични дела и во тој случај се зема единствена казна што мора да биде помала од збирот на поединечните- објаснуваат експертите.
Полицијата собира фотографии, видео и аудио снимки од медиумите со цел да ги документира овие предменти, додека медиумите ја осудуваат наредбата на Судот за предавање на овие материјали.