Јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус е осуден на пет години затворска казна за убиството на неговата девојка Рив Стенкемп.
Судијката Токозила Масипа пред изрекување на казната објасни дека пресудата за него мора да биде избалансирана и не смее да биде строга како што бараше Обвинителството (10 години), но не смее да биде и мала колку што бараше одбраната.
Оскар Писториус минатата година во месец февруари ја уби својата девојка во куќата во Преторија, а обвинет е за убиство од небрежност.
Според Обвинителството, Писториус својата девојка ја застрелал неколку пати во главата и рацете.