„Денеска ја славиме 150-годишнината од раѓањето на еден од најсветлите умови во нашата историја – бугарскиот револуционер Гоце Делчев“, напиша на официјалната страница на Министерскиот совет на Бугарија, бугарскиот премиер Кирил Петков.
„Тој е еден од симболите на борбата за слобода, идеологија на македонско-одринското револуционерно ослободително движење. Гоце Делчев е составен дел од нашата заедничка историја со народот од Северна Македонија. Тој е еднa од личностите кои ги прават горди и двата народа“, пиша Петков.