Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петковски: Судството стана приватна сопственост на премиерот Груевски

0
By Биљана Секуловска on January 16, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тито Петковски за апелациската одлука за отштета од 10.000 евра- за тужбата на премиерот Груевски во случајот согласност за промена на името во Република Македонија (Скопје) за НОВА изјави:

– Подобро добив одошто очекував- премиерот Груевски бараше 15.000 евра, сега пресудата е “само” 10.000. Се разбира дека ова е циничен коментар и се разбира дека ќе одам до Врховен суд, но пресудата е позната. Информирани се сите меѓународни фактори, позната е состојбата на судството во Македонија.

Ове веќе не е ни партиски суд, ова е стриктно суд во сопственост на Груевски. Зошто го велам тоа? Затоа што во судскиот случај Гордана Јанкуловска против Петар Шилегов за случајот станови, сепак за министерката Јанкуловска беше потребна потврда од вешто лице за нејзината душевна состојба.

Но, во случајот Груевски против Петковски, таквиот документ беше отфрлен од Судот, како непотребен, затоа што според мислењето на Судот, премиерот објективно бил во ситуација да биде повреден и да пати, затоа што ја објавив информацијата во неделникот Фокус дека се согласил за промена на уставното име на Македонија во Република Македонија (Скопје).

Оттука, судството работи по налог на премиерот Груевски, а не според законите и Уставот на оваа земја, коментира за НОВА Тито Петковски, лидер на НСДП.

Тито Петковски на 15 јули кога беше донесена пресудата за НОВА изјави:

-Ова не беше судење, ова беше инквизација. Ние ја знаевме пресудата уште на рочиштето на 11 јули, затоа што беше јасно однесувањето на судијата.

Судијата не ни дозволи да изнесеме ниту еден доказ, ниту пак да му поставиме прашања на премиерот. Освен тоа, не беше дозволено псхијатриско вештачење и не знам како судијата ја утврди душевната болка- вештачењето е клучно во вакви случаи и нешто што законот јасно го бара.

Премиерот Груевски ова тврдење на Петковски во судницата претходно го отфрли со зборовите:

– Овие невистини ги доживеав многу емоционално, со чувство на загриженост и внатрешен немир од можноста ова тврдење да биде прифатено- и само мал дел од мојата потесна и поширока средина, дека јас сум прифатил промена на името.

Тужителот пак, од своја страна не прифати дел од доказите на одбраната.

Во најголем дел прашањата на одбраната, односно на адвокатот Миодраг Вујиќ кој го застапува Тито Петковски се одбивани, односно тужителот се противел на прашањата на одбраната во најголем дел, а судијата ги прифаќал приговорите на тужителот.

Тито Петковски во својот исказ изјави дека премиерот е човек што не трпи навреди, а своите јавни говори ги користи да навреди други луѓе. Тука судијата го прекинал Тито со образложение дека тоа не е предмет на судењето и треба да се зборува само за предеметот на тужбата – се однесува на изјавата за неделен Фокус на Петковски дека премиерот Груевски се согласил за промена на името.

Петковски во интервју за НОВА пред да биде донесена судската пресуда изјави дека очекува да ја добие тужбата од Груевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.