Украинските безбедносни сили убија пет вооружени лица за време на операцијата која требаше да ги острани про-руските блокади во Славјанск, соопшти украинскиот министер за внатрешни работи.
Во исто време, Русија и Западот продолжија со војна на зборови околу справувањето со ескалацијата на тензиите.
Рускиот претседател Владимит Путин изјави дека доколку владата на Киев употребува оружје врз граѓаните во земјата, тогаш се работи за „сериозно криминално дело“.
– Ќе следат последици за носителите на одлуките, и за односите помеѓу двете влади, рече Путин.
Владата од Киев потврди дека се работи за воени операции кои имаат за цел да уништат три локации околу градот. Еден полицаец е исто така повреден, потврдува министерството.