Најмалку петмина загинаа а седум луѓе се ранети во самоубиствен бомбашки напад на мировен собир во селото Пир Мела во Пакистан.
Нападот е извршен околу 100 километри југозападно од Пешавара, во пакистанското племенско подрачје Кибер.
Гувернерот на провинцијата Мехтаб Ахмед Кан го осуди нападот и нареди најдобра можна нега за ранетите.
За сега, никој не ја презема одговорноста за нападот, меѓутоа најчесто нападите во Кибер ги извршуваат талибанските екстремисти и исламистичката група Лашкар ал Ислам.