Белград: Според соопштението на Првото основно обвинителство во Белград, повредени се вкупно 15 лица, вклучувајќи го и возачот на трамвајот, и тие се згрижени во здравствени установи.
Градското сообраќајно претпријатие „Белград“ (ГСП) се огласи по несреќата со трамвајот кој утрово излетал од шините во Белград.
Трамвајот КТ4, сообраќал на линија број „5“ и излетал од шините, пренесуваат српските медиуми. Вкупно 15 лица се повредени, објави Првото основно обвинителство во Белград, а според службите за итни случаи, меѓу повредените имало две деца, кои биле пренесени во болница.
Како што истакнуваат, трамвајот удрил во блиска зграда, при што повредил неколку патници, како и возачот на трамвајот.
Според досегашните информации, најголемиот број повреди се од полесна природа, додека кај двајца патници се утврдени потешки физички повреди во форма на скршени екстремитети, се наведува во соопштението за јавноста на ГСП.
Според соопштението на Првото основно обвинителство во Белград, повредени се вкупно 15 лица, вклучувајќи го и возачот на трамвајот, и тие се згрижени во здравствени установи, спотред написите.
Според првичните информации, како една од можните причини за несреќата се води човечка грешка, односно неприлагодената брзина на возилото при минување на свиок, како и проверка на положбата на самиот свиок, соопштија од прептпријатието.
Оттаму додадоа дека конечната причина и сите релевантни факти ќе бидат утврдени по завршувањето на постапката и стручната анализа.
Две деца и неколку возрасни патници се повредени во страшната трамвајска несреќа се случила наутро, околу 9:30 часот.
Екипи на брза помош биле на терен и им пружиле помош на повредените. Единаесет возрасни лица биле пренесени во Ургентниот центар, додека две деца биле пренесени во Тиршова. Патниците се жалеле главно на ортопедски повреди и нивното лекување е во тек. Во овој момент, степенот на нивните повреди не може да се утврди со сигурност, дијагностиката е сè уште во тек, јавуваат српските медиуми.




