Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петров: Се опструираат уставни измени кои со ништо не ги допираат чувствата на Македонците како народ

0
By Jane Gjorgioski on January 12, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во гостувањето во ТВ24 истакна дека Владата го исполнува она што било ветување на предизборната коалиција.

„Главната работа што ја вети оваа коалиција е дека државата ќе стане членка на НАТО и стана членка на НАТО. Ветено беше и дека ќе почнат преговори и ги почнавме преговорите за членство. Државата го почна скринингот што е еднаков и ист за сите земји. Не треба  од се да печалиме политички поени. Заедно со Албанија почна процесот и скринингот трае од 12 до 15 месеци. Во тој период се скенира целиот систем, а кога тоа ќе заврши почнуваат поглавјата. Дотогаш, покрај десетте националности треба да вклучиме и други националности, меѓу кои Бугарите, Хрватите и Црногорците. Ова прашање беше издигнато на едно многу високо ниво, а воопшто немаше потреба“, рече Петров.

Според него во моментов се случува опструкција на нешто кое со ништо не го допира чувството на Македонците како народ и Македонија како држава.

Прашан дали е можна широка коалиција во која ќе влезат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Петров одговори дека коалициите мораат да имаат некаква принципиелна основа.

„За да имате коалиција треба да сте договорени за клучните работи. Како ќе направите коалиција кога за СДСМ е приоритет уставни измени и патот кон ЕУ, а од другата страна имаме изјави на лидерот на опозицијата дека тоа било национално предавство и тоа нема да се случи. Тоа се дијаметрално спротивни правци и на непринципиелна основа не може да има коалиција“, нагласи Петров.

Андреј Петров опструксија уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.