„Министерството за одбрана го менаџира процесот на добивање на сертификат кој е потврда дека компанијата е способна и може да учествува на НАТО пазарот. Изминатава година бројот на компании се зголемува и ние сакаме да работиме освен на зголемување на бројот и на тоа да ги подучиме компаниите и да им дадеме совети како полесно да ги детектираат набавките, да аплицираат и да ги добијат“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во „Клик плус“ на ТВ21.
Таа додаде дека во овој момент над 30 компании имаат добиено ваков сертификат и дека се прават чекор иза олеснување и забрзување на процесот.
„Имаме соработка со Стопанската комора и со луѓето кои се најзасегнати за да се направи план со реални чекори како оваа придобивка од НАТО членството да се приближи“ рече Петровска.
Министерката објасни дека НАТО освен што е голем безбедносен чадор нуди и многу можности за компаниите и за младите кои сакаат доедуакација.