Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска од Брисел: Mинистрите за одбрана на НАТО со осуда за непровоцираниот и неоправданиот вооружен напад на Русија врз Украина

0
By Ivana on March 16, 2022 НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на вонредниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, на кој главни теми за дискусија беа руската инвазија на Украина и нејзиното влијание врз европската безбедносна инфраструктура, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО членките.

–Од вонредниот состанок на НАТО министрите за одбрана, Алијансата испраќа три клучни пораки – дека светот се обединува во осудата на војната во Украина, дека НАТО продолжува со поддршката за Украина во нивната одбрана со помош за украинскиот народ и за сите бегалци, и дека клучната задача на НАТО е одвраќање и одбрана на сојузниците и за таа цел се распоредени дополнителни НАТО сили долж источниот дел на Алијансата, изјави министерката Петровска по состанокот на Северноатлантскиот совет.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на состанок во рамките на првата работна сесија, која се одржа заедно со Украина, Грузија, Финска, Шведска и Европската Унија,  министрите за одбрана на НАТО ја потврдија силната осуда за непровоцираниот и неоправданиот вооружен напад на Русија врз Украина и врз меѓународниот поредок.

Дополнително, беше изразена силна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина како и побарување за повлекување на сите вооружени формации од Русија и воспоставување на мирот. НАТО членките и партнерите продолжуваат да обезбедуваат поддршка за Украина и да ги прифаќаат бегалците.

Во втората работна сесија, недвосмислено беше потврдена посветеноста на Алијансата како одбранбен сојуз, на клучниот принцип, а тоа е одвраќање и одбрана на сите земјите членки. Сите мерки и активности што се преземаат, претставуваат дел од одвраќањето и одбраната на Алијансата и во овој контекст беше и потврдена согласноста за зајакнато присуство на силите на НАТО во источниот дел на Алијансата, стои во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.