Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска порача дека одбраната и Армијата се отворени за млади и мотивирани кадри

0
By Marija Todorovska on April 5, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска се сретна со студентите од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои беа во посета на касарната „Илинден“, каде одблиску се запознаа со дел од капацитетите и начинот на функционирањето на Армијата.

Во своето обраќање министерката Петровска на студентите им го образложи начинот како тие можат да станат дел од одбраната и Армијата и на тој начин да дадат личен придонес кон зацврстувањето на безбедноста.

„Во наредниот период, по крајот на изборите, во соработка со факултетот со кој имаме и потпишано Меморандум за соработка ќе воспоставиме програма за практична работа преку која секој од вас кој е заинтересиран ќе може да извршува практична работа во Министерството и во Армијата. Доколку имате интерес и покажете успех и понатаму ќе имате можност да останете како дел од кадарот во министерството и Армијата“, рече Петровска.

Министерката им посочи на студентите за важноста, вредностите и професионалноста на припадниците од Армијата како и на поддршката и довербата која континуирано ја добиваат од граѓаните.

„Трудот кој го вложуваат овие професионалци во гарантирањето на нашата безбедност, на државата и како дел од Алијансата е непроценливо. Сè што изминатиот период направивме и поддршката која ние ја дадовме е повеќе од заслужена“, истакна Петровска.

Во дијалог со студентите кои беа заинтересирани за различни  теми од полето на одбраната, министерката одговараше на нивните прашања за модернизацијата на Армијата, за нашето членство во Алијансата,  како и за можностите за нивен иден ангажман во Министерството и Армијата.

За време на посетата на касарната Илинден студентите имаа можност да проследат ориентационен брифинг, брифинг за историјата и задачите на Баталјонот за специјални сили „Волци“, методско-показна вежба, ТТ збор како и презентација за справување со дезинформации од професорот на Правниот факултет на Универзитетот Мињо од Португалија, Бруно Рејно де Соуса.

армија касарна „Илинден“ Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.