Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: Предлог Резолуцијата за црвените линии е подадена рака за иднината на државата

0
By Marija Todorovska on September 26, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеничката Славјанка Петровска во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека Резолуцијата на СДСМ и претседателот Филипче за црвените линии е подадена рака за заедништво и заеднички исчекор за иднината на државата, информира СДСМ во соопштение до медиумите.

СДСМ од позиција на опозиција смета дека треба да подаде рака, бидејќи има чувство за државата и за граѓаните, кои секојдневно бегаат од државата. За македонскиот идентитет никогаш не се преговара, ниту за македонскиот јазик и секогаш тие мора да бидат заштитени. Ова треба да го сметаат како подадена рака која очигледно ВМРО-ДПМНЕ не ја заслужува, но должни сме да го направиме тој исчекор, пред се, заради државата, порача Петровска.

Како власт која до пред изборите минатата година и за време на изборите во 2024 ветуваше репреговарање на преговарачката рамка и дека ќе предложи и ќе издејствува подобри позиции за нашата држава, денеска се соочуваме со суровата реалност дека по 15 месеци од нивното владеење Македонија не е помрдната од мртва точка во поглед на евроинтеграциите, истакна Петровска.

Таа додаде дека доволен одговор за тоа дека власта не е заинтересирана за евроинтеграциите е фактот што опозицијата е таа што треба да бутка, да инспирира и мотивира нови резолуции. Петровска повика сите партии внимателно да ја разгледаат и да дадат свои забелешки.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ полека но сигурно ги троши џокерите кај граѓаните. Препораката или замолницата од Венко Филипче е да не се злоупотребува во изборната кампања.  Ова нека биде период во кој сите политички партии и општествени чинители ќе ја разгледуваат предлог резолуцијата и ќе дадат свои забелешки. Финалниот производ, кој не треба да биде ничиј белег, бидејќи европската интеграција не е процес контролиран само од една политичка гарнитура, ќе придонесе сите заедно понатаму да го продолжиме патот на европската интеграција, истакна пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Петровска СДСМ црвени линии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.