Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: Северна Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина во одбраната на нејзината независност и сувереност

0
By Соња Крамарска on October 26, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ја отвори регионалната конференција „Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот“, која ја организира Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Фондацијата  „Конрад Аденауер“.

Петровска притоа истакна дека НАТО е согласно дека поддршката за Украина ќе продолжи зашто оваа земја се брани и се бори да го зачува меѓународното право засновано на правила. И Северна Македонија на дело покажа дека е цврсто посветена на помошта и поддршката на Украина, не за војната да се оддолжи, туку за независна и суверена Украина да може да се одбрани од агресијата врз неа.

„Ние ја осудивме руската агресија врз Украина и дадовме целосна поддршка на украинскиот народ во одбрана на својата независност која вклучуваше не само политичка, туку и конкретна техничка помош и воена опрема. Три одлуки беа донесени, во фаза сме на договарање на четвртата, таа наскоро ќе биде донесена. Споредено со нашите капацитети и големина, припаѓаме во групата на земји кои најмногу ја помогнаа Украина во нивната праведна одбрана од агресијата. Тоа го направивме затоа што веруваме во принципите на меѓународното право кое не дозволува воена агресија на една земја врз друга“, рече министерката.

Петровска се осврна и на бројните предизвици со кои се соочуваме денеска, особено енергетската криза која влијае на сите аспекти на живеењето. Кога енергенсите стануваат оружје чија цел е да се скрши поддршката за Украина, подвлече, ние мораме да бидеме уште посилни и понапорно да работиме да ја намалиме зависноста од оваа закана во иднина.

„Енергетската зависност станува клучен предизвик за повеќето земји. Поради порастот на цените на енергенсите, импликациите се чувствуваат врз секој аспект од нашето живеење. Сите во регионот ги чувствуваме и другите последици на војната во Украина, од растот на инфлацијата, дезинформациите и популистичките реторики кои се засилуваат користејќи го видливиот застој во евроинтеграциите на западниот Балкан“, рече Петровска.

Конференцијата има за цел да поттикне јавна дебата и да даде придонес кон надминувањето на предизвиците со кои се соочуваат општествата како последица на војната во Украина. На Конференцијата стана збор за импликациите од војната во Украина врз безбедноста и одбраната, влијанието на војната врз социо-демографските промени, економската безбедност, комуникациите и ширењето на дезинформации.

Воведничар на конференцијата беше професорот Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет, а на отворањето зборуваа и Даниел Браун, официјален претставник на фондацијата „Конрад Аденауер“ во Северна Македонија и Косово, професорот Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ , професорот Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет, Лариса Дир, амбасадорка на Украина, Ерик Мајер заменик амбасадор на САД и Ото Граф заменик амбасадор и раководител на Одделот за економија при Амбасадата на Германија.

 

конференција за Украина Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.