Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ се заканува со насилство и прави списоци за наводни одмазди кон поддржувачи на СДСМ

0
By НОВА ТВ on October 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ не е поместена ниту милиметар од режимската и насилничка матрица. Сосем малку им требаше да продолжат онаму кај што ги запревме во 2016 година – После првиот изборен круг, членови и активисти на ДПМНЕ продолжија да се закануваат со насилство кон граѓаните кои не се дел од оваа партија, истакна пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

-За тоа доказ се и фотографиите зад мене – ова се само мал дел од заканите кои членовите на ВМРО-ДПМНЕ јавно ги испраќаат, а за кои сведочат граѓаните секојдневно на социјалните мрежи. Еве дел од нивата содржина: „Ајде во втор круг со ново мнозинство и да ги гониме по улици како шинтери џукели“, „Ти се бројат деновите гаде предавнички“, „Гробови да ви се отворат“, „Мора ја снема оваа чума“, „Живи да ги закопаат“, истакна Петровска.

Таа додаде дека граѓаните сведочат дека во општините каде победиле кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, почнале да се прават списоци на луѓе кои се членови или поддржувачи на СДСМ, со најави за некакви наводни одмазди.

-Синоќа во Вевчани лице од личното обезбедување на Христијан Мицкоски влегло во угостителски објект, легитимирало и се заканувало кон присутните гости. Така правеше и обезбедувањето на Никола Груевски – влегуваше во телевизии и бараше од камерманите и новинарите да бришат видеа и фотографии на кои се гледа Груевски. Така правеше полицијата на МВРО-ВМРО кога вршеше упади по медиуми, кога апсеше студенти по библиотеки. На тој начин убија дете на скопскиот плоштад во 2011 година, кога славеа изборна победа. Кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ во Василево физички нападна активистка на СДСМ. Поминаа 24 часа, а осуда од единствената кандидатка градоначалничка Данела Арсова нема. Го поддржувате ли насилството врз жените, госпоѓо Арсовска? Осуда нема ниту од политичката партија ДПМНЕ, затоа што очигледно дека тоа е нивниот старо нов концепт, рече Петровска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.