Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пецас: Не постои никаков проблем околу ратификацијата на трите договори со С. Македонија

0
By Нова ТВ on September 24, 2020 ВЕСТИ
dav
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не постои никакво прашање околу ратификацијата на договорите со Северна Македонија, изјави портпаролот на грчката, Влада Стелиос Пецас, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на натписите во дел од медиумите во Грција, но и на објавата на портпаролот на СИРИЗА на социјалните мрежи, дека Нова демократија, не може да најде пратеник кој би бил известувач во Парламентот за трите билатерални договори со нашата земја.

Пецас објасни дека Нова демократија „како опозиција направи сѐ што можеме за да го спречи“ Договорот од Преспа, но сега кога Грција, во односите со Турција се повикува на меѓународото право, не може да не го зема предвид меѓународниот договор со Северна Македонија.

– Повторивме за време на ратификацијата и секако предупредивме дека ако еден меѓународен договор се ратификува, не може да се смени. Денес, сите сфаќаат дека кога ние како темел го имаме меѓународното право за да се соочиме со турската провокација, не можеме оваа наша обврка да ја исполнуваме „a la carte“ и да велиме дека се повикуваме на меѓународното право во врска со Турција, а да не го земаме предвид во врска со Северна Македонија. Според тоа, договорите одаат напред, не постои никакво такво прашање и секако сакам да истакнам дека еден од овие се однесува на контролата на ФИР на Северна Македонија од грчкото Воздухопловство. Според тоа, не постои некакво прашање, истакна Пецас, одговарајќи на прашањето на МИА.

На друго новинарско прашање во однос на информациите дека поранешниот грчки премиер од редовите на Нова демократија, Андонис Самарас рекол дека ќе биде отсутен за да го избегне гласањето, Пецас објасни дека со оглед на тоа дека сѐ уште не е одреден датум за ратификацијата на конкретните договори, не може да се каже кој ќе биде присутен.

– Кога ќе се одреди (датум), ќе видите дека не постои никаков проблем, порача Пецас.

Дел од медиумите во Грција, особено оние кои што се блиски до СИРИЗА, објавија дека со оглед на тоа што Нова демократија како опозиција беше против Договорот од Преспа, постои незадоволство кај дел пратениците од владејачката партија и не може да се најде известувач, кој би ги презентирал договорите, прво на надлежната Комисија за национална безбедност и надворешни прашања, а потоа и на седница во Парламентот.

Целиот случај, преку социјалните мрежи вчера го коментираше и портпаролот на СИРИЗА Насос Илиопулос.

– СИРИЗА со чувство на одговорост, изјавува дека е подготвена, на Нова демократија да ѝ отстапи известувач, со цел да запре омаловажувањето на парламентарниот процес, господинот Мицотакис да даде уште една битка за Северна Македонија и да се ратификуваат билатералните договори со нашата соседна земја. Во демократијата не постојат ќор-сокаци, напиша Илиопулос на социјалните мрежи.

Како што во понеделникот објави МИА, во грчкиот Парламент веќе се доставени предлог-законите за Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, за Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка и за Техничката спогодба за надгледување на ФИР Скопје, кои беа потпишани за време на првата меѓувладина седница одржана во април 2019 година во Скопје и еден од Министерството за одбрана, потпишан пет месеци подоцна, а сега, треба да бидат ратификувани од пратениците, откако прво ќе добијат зелено светло од надлежната комисија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.