Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петти месец по ред паѓаат цените на храната во светот

0
By Sashko on September 2, 2022 СВЕТ
Фото: архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Глобалниот индекс на цените на храната на Агенцијата на ОН за храна во август падна петти месец по ред, бидејќи континуираниот извоз на жито од украинските пристаништа придонесе за подобри изгледи за снабдување.

Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) денеска соопшти дека нејзиниот индекс на цени, кој ги следи најтргуваните прехранбени производи во светот, во просек изнесувал 138 поени минатиот месец, во однос на ревидираните 140,7 за јули.

Индексот падна од рекордните 159,7 во март, забележани по руската инвазија на Украина.

Индексот на цените на житариците на ФАО во август падна за 1,4 отсто на месечна основа. Украинските пристаништа на Црното Море се повторно отворени согласно дипломатски договор и изгледите за жетвата на пченицата во Северна Америка и Русија се поволни, објави агенцијата.

Но, индексот на цените на пченката се зголеми за 1,5 отсто минатиот месец бидејќи топлото и суво време ги намали изгледите за производство во Европа и САД, се додава во извештајот.

Цените на растителното масло, шеќерот, млечните производи и месото паднаа, делумно и поради зголемените залихи.

Во посебна проценка на понудата и побарувачката на житарици, ФАО ја намали својата прогноза за глобалното производство на житарици во 2022 година од 2,792 милијарди тони на 2,774 милијарди тони.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.