Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петтиот пакет мерки усогласен со коморите, продолжува поддршката за исплата на плати

0
By Нова ТВ on February 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Петтиот пакет содржи 30 мерки кои може да се поделат во четири столба: финансиска поддршка за исплата на плати и задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на компаниите и граѓаните, мерки за поповолно деловно опкружување и директна помош за граѓаните.

Ова го порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната презентација во Владата на финалниот предлог на петтиот пакет економски мерки за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, пред претставници на коморите, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог и билатералните комори во земјата, на која присуствуваа и министрите за финансии и за економија, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши.

Вицепремиерот Битиќи во вовeдното излагање при презентација на мерките потенцираше дека во овој предлог се вклучени сите релевантни сугестии од страна на бизнис секторот, синдикалните организации и другите чинители во општеството, а главна цел на мерките е да одговорат на предизвиците со кои се соочува стопанството, како и да се обезбеди едноставна примена на мерките.

– Се обидовме максимално да одговориме на барањата на стопанството и граѓаните и да ги креираме мерките да бидат лесно применливи, нагласи Битиќи и соопшти дека директната финансиска помош за исплата на плати ќе продолжи со петтиот пакет на мерки, а за оваа цел се креирани два модалитети, при што самите компании ќе одлучат кој модалитет сакаат да го искористат.

Со вториот модалитет кој предвидува бескаматни кредити со кој се таргетираат компаниите од најпогодените сектори, како што кажа, средствата освен за исплата на плати, ќе може да се користат и за други потреби на компаниите.

Претставниците на стопанските комори, информираат од Кабинетот на Битиќи, изразија задоволство од петтиот пакет мерки, како и голема благодарност што се вклучени во креирањето на мерките и што нивните предлози се слушнати и вклучени во предлогот мерки.

-Заедничкиот заклучок од средбата е дека како никогаш досега разговорите помеѓу Владата и стопанството се отворени и конструктивни, порачуваат од Кабинетот на Битиќи.

Во петтиот пакет покрај финансиската поддршка за исплата на плати се планирани и низа на други мерки, за компаниите од туристичката дејност, транспортот на патници, индустријата за организација на настани, медиумите, занаетчиите, извозните компании, даночни и царински олеснувања, како и други мерки за одредени групи на граѓани, кои се директно поврзани со ефектите од ковид кризата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.