Холанѓанката Ли Жие и Кинеската Хитоми Сато го урнаа рекордот во времетраење на еден поен во пинг-понг. Нивната борба за 1:0 во третиот сет траеше неверојатни 10 минути и 13 секунди пришто разменија 766 удари.
Ниту една од нив не сакаше да преземе ризик и посериозно и поостро да нападне. И кој знае уште колку удари ќе разменеа ако поенот не беше прекинат поради топче од соседниот терен што заврши во нивниот простор.