Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писмото на Груевски до Филе е за домашни потреби

0
By Светлана Јовановска on September 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Филе го спрема годишнот извештај и смета дека нема потреба да одговори на писмото на Груевски

Кабинетот на комесарот за проширување Штефан Филе нема намера да одговори на писмото на премиерот Никола Груевски кое беше испратено вчера.

“Писмото е информативно и во ЕК сметаат дека не треба одговори ниту пак реакција на ова писмо. Она што за Брисел е важно е сега да бидат применети препораките на Комисијата за 24 декември”, вели дипломатски извор во Брисел.

Според овој соговорник самото писмо не менува ништо во очекувања на ЕК од Македонија ниту пак на мислењето на ЕК за настаните во земјата. Во ЕК нотираат дека самото писмо било објавено во македонските медиуми речиси истовремено кога било испратено до комесарот.

ЕК ги следи настаните во Брисел преку својата Делегација во Скопје и сметаат дека ова писмо е делумно напишано и за внатрешни политички потреби па оттука нема потреба од одговор.

“Мислењето за целата ситуација ЕК ќе го каже во октомври во својот редовен извештај за напредокот на земјата и нема потреба да се испраќа писмо до владата за тоа дали ќе има повторно препорака за преговори за членство”, велат во Брисел.

Тие потсетуваат дека од Македонија се очекува примена на договореното за 24 декември како и чекори кон политички меморандум помеѓу партиите и дијалог со медиумите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.