Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писмото на Милошоски до ООН за името 2011

0
By Нова ТВ on July 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еве ја целосната содржина на писмото, кое како што посочи потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски го испрати до ООН во февруари 2011 година.

Писмото претставува одговор на писмото на тогашниот министер за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас, испратено на крајот на 2010-тата. Во писмото на Милошоски на втората страна стои следното:

„Во текот на овие преговори, Република Македонија прифати извесен број на предлози ставени (предложени) од господинот Нимиц како основа за решение, вклучувајќи го и предлогот од март 2008 година „Република Македонија (Скопје), кој Република Грција нажалост го отфрли.“

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека ќе тужи поради нејзиното тврдење дека во 2008 година, премиерот Никола Груевски се согласил со промена на името за да бидеме примени во НАТО.

>>Шеќеринска: Ќе најдеме начин за почеток на преговорите со ЕУ

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска вечерва ја продолжи дебатата со ВМРО ДПМНЕ на нејзините профили на Твитер и ФБ.

– Ајде, тужете господа од власта! Ама јас го имам писмото од Милошоски, а вие немате одговор! Затоа и #Ж (Груевски ) молчеше на пратенички прашања“, напиша Шеќеринска на Твитер. Коментарот уследи по обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ дека СДСМ сака да го смени името на што Шеќеринска одговори дека Груевски се согласил со промена на името. Во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ за овој став на Шеќеринска беше потенцирано дека Тито Петковски бил тужен за слични изјави.

По реакцијата на Твитер, Шеќеринска се обрати и преку ФБ профилот.

„ДПМНЕ ми се заканува со тужба дека ја кажав вистината и ги потсетив дека Груевски прифатил промена на уставното име во “Република Македонија (Скопје)” и дека тоа стои во писмото кое Милошоски го прати до ООН. Повелете, господа од власта! Едвај чекам да ве слушам како официјалните дописи од МНР не се доволен доказ“, се вели во статусот на Шеќеринска на ФБ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.