Најпознатиот светски параолимпиец Оскар Писториус, осомничен за убиство на својата девојка, денеска излезе пред суд каде се соочи со обвинение за убиство.
Како што пренесуваат странските медиуми, Писториус за време на читањето на обвинението цело време плачел.
Судијата одлучил Оскар да биде задржан во притвор се до следниот вторник, за кога е закажано продолжението на судскиот процес.
Обвинителството најави дека останува на тужбата за убиство со предумисла на што Писториус повторно се облеа во солзи.