Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

План А и план Б за македонските евроинтеграции: Едниот неостварлив а другиот разочарувачки

0
By Соња Крамарска on May 15, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СОЊА КРАМАРСКА

Земјите-членки имаат рок до крајот на 2023 година да дефинираат каков механизам за проширување ќе функционира за земјите кои сакаат да пристапат во ЕУ, а истовремено да се осигураат дека ЕУ ќе остане доследна на себе, изјави во саботата за EURACTIV француската министерка за ЕУ Лоренс Бун.

Идејата за „диференциран“ пристапен процес е брзо „закотвување“ на земјите-кандидати за ЕУ блиски до блокот, рече Бун на конференцијата во саботата.

Овие очигледни бранувања во Унијата можат да водат кон либерализирање на условите за членство, и тоа во делот на одлучување  кој беше причина Македонија со децении да стои во место на планот на евроинтеграциите.

Но дали официјално Скопје има политички капацитети да ги дочека спремно овие големи промени во Унијата?

Македонија доби конкретен услов за да ги продолжи формално почнатите преговори, а тоа е Бугарите да станат дел од Уставот, на што силно се противи опозициската ВМРО-ДПМНЕ без чии гласови не може да поминат уставните измени во парламентот.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес на брифингот рече дека во врска со тоа има план А и план Б.

„Планот А е завршување на уставните измени. Планот Б е незавршување на уставните измени и прекинување на преговорите. Албанија да продолжи сама, а ние влегуваме во декада на изолација. Ќе влеземе во период на изолација во кој ќе нѐ третираат како трета група на земји, а ние внатре ќе се гушиме“, рече Османи.

Меѓутоа се чини дека и Европската Унија разработува план А и план Б. Откако со години стратегијата за проширување на ЕУ се сметаше за мирна, руската инвазија на Украина и промената на сегашниот геополитички пејзаж доведоа до сознание дека стратешкиот интерес на ЕУ за стабилна и безбедна средина во нејзиното непосредно соседство мора да биде попрецизна отколку само да се нотира кој ќе биде следниот член.

ЕУ треба да воспостави рамнотежа помеѓу нејзината безбедност и интегритет и да ги забрза процесите за пристапување за земјите кандидати, рече француската министерка Бун.

Ставот на Бун, според објаснувањата во Брисел, повикува на „значителна промена“ во управувањето доколку ЕУ сака да се прошири од 27 земји-членки на можни 35. Една од промените би биле воспоставување на т.н „концентрични кругови“ во членство односно распоред на влијанието меѓу земјите членки при што државите кои последните би влегле и ја немаат поддршката од сите држави членки на Унијата, да немаат исти права на одлучување како останатите членки.

Во таа насока и германскиот канцелар Шолц обраќајќи се пред Европскиот парламент во вторникот (9-ти мај), повика на промена во гласањето на ЕУ од едногласност кон гласање со квалификувано мнозинство во оданочувањето и надворешната политика – став што го споделува и Франција – што беше на агендата за дискусија за време на посетата на германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во Париз претходно овој месец.

Во исто време, Бун во саботата, исто така, се обиде да ја претстави Европската политичка заедница (ЕПЗ), замисла на францускиот претседател Емануел Макрон, како „вистински форум“ за да разговара за тоа каква политика на проширување сака ЕУ.

Но додека во Унијата траат тие дебати кои доколку вродат со резултат можат на Скопје да му дадат гориво за побрз пат кон Брисел, длабоката поделеност околу уставните промени ја води нашата држава кон ново надворешно-политичко фијаско.

Премиерот Ковачевски во однос на тоа дали зборувал со некој пратеник од опозицијата, денес на брифинг одговори:

„Никогаш не сум разговарал со некој пратеник како да одлучува. Обврска е на секој поединец да носи одлука која е од интерес на граѓаните. Ниту барам нотарски изјави, ниту барам некој слепо да го следи моето мислење. Настапувам со аргументи“, рече Ковачевски.

Минатата седмица пратеникот на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар и порача на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека гласот за уставни промени не е глас за Ковачевски туку за поддршка на евроатлантската иднина на Македонија.

„Ние не бараме од опозицијата да го поддржи премиерот. Бараме од опозицијата да го поддржи евроатлантскиот пат на Северна Македонија. Ова е најдобриот договор што го добивме. Тој е разумен, мислам засега, и треба да продолжиме напред што е можно побрзо. Затоа, се надевам дека сите страни на политичкиот спектар ги поддржуваат потребните промени за да можеме да продолжиме напред во унапредување на кандидатурата на Северна Македонија“, рече тој во интервју за Гласот на Америка.

Порака на Ескобар се чини залудна бидејќи опозицискиот лидер Христијан Мицкоски и денес ги повтори цврстите позиции. „Во овој парламентарен состав, со СДСМ за уставните измени ниту се преговарало, ниту се преговара, ниту ќе се преговара. За ВМРО-ДПМНЕ таа тема е завршена“, изјави денес Мицкоски.

Часовникот отчукува а политичките препирки повторно стануваат препрека на патот на развојот на државата. Очигледно е дека се чекаат следните избори кои ќе дадат нови карти во рацете на политичките играчи но дали ќе трае трпението на граѓаните на Македонија е друго прашање.

 

Евроинтеграции План А и план Б
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025
ФОКУС

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

ВЕСТИ October 10, 2025

Илјадници Палестинци почнаа да одат кон северна Газа, неколку часа откако израелската армија објави дека…

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025
ТИКЕР

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.