Предвремените избори во Бугарија ќе бидат одржани на 12 мај, изјави претседателот Росен Плевнелиев, кој бара излез од политичката криза.
Премиерот Бојко Борисов, како што објавивме, си поднесе оставка минатата недела по немирите и демонстрациите против поскапувањето на цената на струјата која е двојно зголемена.
Протестите на десетина илјади Бугари ја натераа Владата да си поднесе оставка, а новата власт исто така ќе мора да се справи со нискиот животен стандард на најсиромашната членка на ЕУ.