Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Плоштад Слобода бара измени на урбанистичкиот план на Центар

0
By Нова ТВ on May 31, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По објавувањето на намерите на Министерството за транспорт и врски да продаде дел од Плоштадот Македонија и да го определи изгледот на идната зграда, невладината Плоштад Слобода излезе со барање до општина Центар за измени на ДУП за Мал Ринг.

Се работи за парцелата на плоштадот Македонија и за три зелени простори околу МОБ, кои со последните измени на Деталниот урбанистички план се пренаменети во комерцијално-деловни објекти.

„Единствениот празен простор на Плоштад Македонија одамна е мета на власта, намените беа често менувани (црква, Народна банка, трговски центар), а своевремено и МПЦ ја откупи парцелата за само 44 илјади евра“, велат од Плоштад Слобода.

За трите парцели околу МОБ, во барањето на Плоштад слобода се вели: „овие простори се единственото преостанато градско зеленило во Мал ринг од левата страна на реката Вардар. Сиот останат простор во овој дел на градот е веќе поплочен, асфалтиран и ставен во корист на институциите и приватните сопственици. На овие парцели се засадени десетици дрвја од различни сорти кои дополнително го освежуваат и прочистуваат воздухот (посебно дрворедот крај бул. Гоце Делчев).“

Во неодамна спроведена студија за зеленилото во Мал Ринг, пред да се уништат парковите кај старата железничка станица и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Плоштад Слобода укажа на драстичен пад од 50 отсто.

Поточно, во 2012 година во „Мал ринг“ има 34.994 квадратни метри зелени површини, што е 50 отсто помалку отколку во 2002 година кога имало 75.649 квадратни метри. Со уништување на зеленилото на овие четири парцели, дополнително ќе се влоши состојбата во центарот на градот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.