Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 14 години државата одново издвојува пари за афирмација на македонскиот јазик

0
By Ана Василевска on June 27, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Годинава се одбележуваат седум децении од постоењето на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“. Во рамките на отворените денови на Институтот се организираат неколку настани, излагања и научни конференции.

Од утре почнува дводневна научна комуникација меѓу учесниците и професорите за да се видат новите сознанија како во македонистиката така и воопштво во лингвистиката.

„Во рамките на отворените денови веќе осма година организираме меѓународна научна конференција Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања. Годинава централна тема заради јубилејот се разбира е 120 години од излегувањето на книгата „За макдонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков и се поканети гости оттука но и од странство, од славистичките центри. За оваа конференција се пријавија над сто учесници од кои 22 странци. Станува збор за една голема конференција во која покрај учесници од Македонија ќе има и од Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Чешка, Полска, Америка. Сите овие наши колеги утре и задутре, 27 и 28 јуни, ќе работат во три сесии, во три простории истовремено каде учесниците ќе ги прочитаат своите излагања. Покрај централната тема, имаме и теми кои се работат секоја година: историја на македонскиот јазик, ономстика, стилистика, современ македонски јазик“, за Трн потенцираше проф. Д-р Лидија Тантуровска, претседател на Меѓународниот организациски одбор на научната конференција.

Во склоп на оваа конференција ќе биде промовиран Зборникот од минатата конференција. Ќе го промовира професорката Лидија Аризанковска од Филолошкиот факултет.

Директорката на Институтот за македонски јазик, Елена Јованова Грујовска, го отвори денешниот настан со претставување на институтите од регионот и ретроспектива на работата на институтот низ годините. Таа на почетокот се обрати: „Денешниот ден е предвиден за претставување и размена на искуства на регионалните институти и институции во кои се изучуваат словенските јазици. Повиквме и колеги кои работат на изучување и афирмација на македонскиот јазик во странство. Ја прошируваме и продлабочуваме нашата работа“.

Повеќе од 50 години на влезот на институтот постои спомен соба на Крсте Мисирков, кои што ја посетуваат ученици, студенти и научници лингвисти од целиот свет.

Последното реновирање на музејската поставка е направено на почетокот на 2021 година. Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков е основан март 1953 година, пред 70 години со задача сестрано да го проучува македонскиот јазик, да ги поттикнува творечките потфати во таа област, да се грижи за усовршување на научните и стручните работници во него. Во текот на изминатите години, како придружна членка на УКИМ постапно израсна во значајна научна институција во која што се работи на големи и значајни проекти и се вршат значајни научни истражувања.

„Денеска во Институтот се работи на неколку важни проекти за македонистиката иако пред 14 години нивното финансирање беше прекинато. Од ноември 2021 министерството за образование и наука повторно започна со финансирање на проекти. Најновиот е Лексиката на македонската народна проза, многу сериозно се работи и на  Етимолошкиот речник на македонскиот јазик“, посочи директорката на Институтот, Елена Јованова Грујовска.

Трн: Што е новина на институтот?

Елена: Пред неполни две години, институтот работеше во пет одделенија, а од минатата година почнаа со работа и следниве одделенија: индоевропистика и комуникологија.

Подлога за оддлението комуникологија се нашите постдипломски студии македонски јазик со комуникологија и на кој што се пријавуваат доста студенти, се покажа дека има голем интерес и решивме затоа да ги направиме и овие комуниколошки истражувања.

Трн: Колку има влијание институтот за отворање катедри за македонски јазик во другите држави?

Елена: Ние ги повикуваме нашите професори од другите славистички центри, затоа што тоа е дел од традицијата. Тоа е основа за заеднички проекти, за заеднички конференции, но и за отворање катедри и за поддршка на катедрите по македонски јазик вио другите држави.

Колегата Васил Стерјовски е дојден од Фан Ноли, Корча за да каже како во Фан Ноли, Албанија годинава се отвора катедра за македонски јазик и ќе се студира македонски јазик во Корча.

Потоа тука е Ивица Баковиќ од Загреб којшто е раководител на катедрата за македонски јазик и литература во Загреб и таа функционира веќе шеста деценија. И во Словенија и во Србија има изучување на македонскиот јазик.

Александра Тодоровиќ
Извор Трн.мк
Афирмација на македонскиот јазик Институт за македонски јазик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.