Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 23 години, Тетово пак домаќин на македонската фотографија

0
By Нова ТВ on June 10, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со изложба на 101 фотографија од 43 автори, во Тетово се отворени 56. Денови на македонската фотографија. Изложбата е поставена во националната установа „Галерија“ во стариот турски амам, а ќе може да се види до четврток. Со ова, по 23 години Тетово повторно е домаќин на наголемата државна изложба на фотографии.

Според  претседателот на  Фото сојузот на Македонија Боро Рудиќ, 56. издание на Деновите на македонската фотографија е доказ дека оваа манифестација е меѓу најдолготрајните континуирани, без ниту еден прекин манифестации во земјава.

Тој смета дека во услови кога дигитализацијата масовно го зголеми бројот на фотографи и овозможи тие секојдневно да се снимаат, вакви изложби претставуваат мали бисери.

– Со печатењето, авторот го затвора својот авторски чин. Со изборот на хартија, текстура, формат, тоналитет, колорит тој го претставува тоа што го гледа или го има видено во текот на снимањето на фотографијата. Гледачот може да застане пред отпечатеното и да го гледа половина час, да дојде утре и пак да ужива во чувството што му го создава отпечатената фотографија. Тоа е разликата меѓу ова што го гледаме тука, во оваа галерија, и фотографијата што ја гледаме на нашите компјутерски екрани каде со еден клик преминуваме на друга фотографија или некоја информација што ќе ја уочиме во тој момент заборавајќи ја фотографијата во дел од секунда, рече Рудиќ.

Покрај Фото сојузот на Македонија, коорганизатор на Деновите на македонската фотографија е и Фото групата „Чкрап“ од Тетово. Нејзиниот член Зоран Андонов беше дел од тричленото жири за избор на фотографиите од изложбата.

– Жирирањето секогаш се сведува на субјектиниот поглед кон естетиката на фотографијата. Јас, Раде Луковиќ и Филип Филиповиќ моравме да прегледаме и оцениме над 300 фотографии од  64 автори кои пристигнаа за годинашниве Денови на македонската фотографија и да го одбереме тоа што според наше мислење е најдоброто за оваа манифестација. За некои фотографии долго дискутиравме, разменувавме аргументи за и против но за некои добри фотографии сите тројца бевме едногласни. Особено за оние што ги добија наградите. Како жири бевме исклучително задоволни што годинава пристигнаа и многу извонредни фотографии особено од млади автори кои допрва ќе се афирмираат на полето на фотографијата во Македонија, изјави Андонов.

Наградените фотографии беа поделени во три категории при што кај поединечната фотографија во сениорска конкуренција првата награда ја доби Драги Неделчевски од „Чкрап“, во истата категорија во младинска конкуренција првонаграден е Стефан Ѓоргиевски од Фото кино клубот Битола, а во категоријата колекција фотографии, првата награда ја доби самостојниот автор Дејан Колевски.

МИА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.