Во Хрватска за утре напладне се организира протест на плоштадот „Бан Јелачиќ“. Протестот се организра преку Фејсбук страната „Придружи се на отпорот“ каде се повикуваат хрватските граѓани да излезат на протестот и да побараат оставка на Владата
-Ова е војна со корумпираната влада!!! Одиме на улица да се бориме, во спротивно ќе останеме на улица, се вели во повикот за протест.
Тие бараат Владата да си даде оставка и во преодниот период да ја преземе техничка влада се додека не дојдат нови и чесни личности.
Организаторите велат дека покрај од власта, не се задоволни ниту од опозицијата, од која биле разочарани кога таа била претходно на власт.
Покрај во Хрватска за утре протести се закажани и во Црна Гора. Фејсбук групата „Револуција во Црна Гора – сите на улица“ утре организира протест пред зградата на Црногорскиот парламент во Подгорица, каде ќе се бара смена на актуелната власт.
Организаторите на протестот, најавуваат барање на оставка на владата на Црна Гора и оставка на сите пратеници во Црногорскиот парламент.
– Нашите барања се оставка на власта и излез на сите пратеници од Парламентот, се наведува на Фејсбук страницата на групата „Револуција во Црна Гора – сите на улица“.