Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По денешниот ценовен шок, Владата најави нови антикризни мерки

0
By Mirjana on June 1, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата со новиот ребаланс на буџетот, продолжува со силната грижа за граѓаните и во најкраток рок ќе излезе со антикризни мерки кои ќе бидат потаргетирани, како што всушност се и последните препораки на меѓународните финансиски институции – ММФ и Светска Банка, ЕУ и експертската јавност. Ова значи дека истите ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и стопанството, кон оние на кои им се најпотребни.

Овој пристап е насочен кон остварување на следните цели, се наведува во соопштението од Владата:

– Да ги заштитиме оние на кои им е најмногу потребна поддршка,
– Да се обезбеди праведна распределба на средствата, и
– Да го задржиме патот на постепена фискална консолидација, што е од големо значење за задржување на стабилноста на јавниот долг и стабилноста на економијата воопшто.

Сите овие мерки што ќе следат се надоврзуваат на очекувањата на меѓународните финансиски институции дека ценовните притисоци на меѓународните пазари во текот на годинава постепено ќе се ублажуваат, за да се стабилизираат веќе следната година.

Со првиот пакет мерки ги амортизиравме првите силни удари на кризата. Го спречивме ценовниот шок и шпекулативниот раст на цените со што ги запревме инфлаторните притисоци за да спречиме повисоки стапки на инфлација. Даночните ослободувања беа направени во комбинација со мерките за замрзнување на маржите на производите.

Вкупната вредност на сетот мерки за поддршка изнесува над 400 милиони евра, а вкупното влијание на мерките е уште повисоко и достигнува речиси 615 милиони евра.

Со овие антикризни мерки, сметките на граѓаните се помали за околу 4.000 денари месечно.

Одговорно и храбро, соодветно на предизвикот, кога беше најпотребно, го презедовме управувањето и снабдувањето со енергенси за топловодните компании во Скопје за да обезбедиме континуирано парно греење за граѓаните. Проценетите субвенции за непречено снабдување со топлинска енергија во Скопје се 2,9 милиони евра на месечно ниво, во периодот на грејната сезона.

Ги активиравме и сите домашни капацитети за производство на електрична енергија. Го намаливме ДДВ-то за струја од 18% на 5% до крајот на годината.

Доколку не се направеше субвенционирање на производството на електрична енергија од 80% и доколку не го намалевме ДДВ-то цената на која што ја плаќаат граѓаните, сметките за струја на секое семејство ќе беа за 2.150 денари повисоки.

Доколку не беа мерките како намалувањето на ДДВ-то од 5% на 0% на основните прехранбени продукти, граѓаните ќе мораа месечно да плаќаат по 1.500 денари плус.

Доколку не беше намалувањето на ДДВ-то на енергенсите на нафтата и нафтените деривати, само по тој основ, без намалување на акцизата, секој граѓанин на просечна потрошувачка пресметано ќе плаќаше 300 денари повеќе секој месец.

За да ги ублажиме ценовните шокови најпрво ги замрзнавме цените на основните производи за исхрана, а потоа маржите. Со оваа мерка спречивме создавање наднормални профити, и овозможивме ублажување на ценовниот шок врз одбрана категорија на прехранбени производи.

Во оваа насока е и мерката со која 35.000 наши најранливи сограѓани добија ваучери за основни производи за исхрана и тоа по 1.000 ден за 3 месеци, односно вкупно 3000 денари.

Со програмата за енергетска сиромаштија, пак, се предвидува финансиска поддршка за лица со ниски примања, којашто изнесува од 600 до 800 денари месечно и важи во континуитет. Станува збор за 7 200 до 9 600 денари на годишно ниво за домаќинства од најранливи категории.

Воедно, продолжува поддршката за компаниите за одржување на нивната ликвидност преку субвенционирање на договорна каматна стапка, потоа директно кредитирање преку РБСМ, бескаматни кредити за обртни средства, користење на гарантниот фонд преку Развојната Банка на Северна Македонија, кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, како и преку нова линија за поддршка на стопанството преку Европската инвестициска банка за зелена транзиција и зеленото финансирање.

Во врвот на приоритетите на Владата остануваат грижата за стандардот на граѓаните, ликвидноста на компаниите и мерките за одржлива економска сигурност и социјален мир.

Со преземените мерки, парите на даночните обврзници ги пренасочивме кон исполнување на овие придобивки за граѓаните.

На тој начин, со субвенционирање на цена на електрична енергија вкупно месечно граѓаните и компаниите заштедија 22 милиони евра, а со намалување на стапката на ДДВ за основни прехранбени продукти и ваучери за најранливи категории заштедени се 6 милиони евра месечно.

Како резултат на грижата за најранливите за субвенциите за пензионери со дополнителни 1000 денари за три месеци, издвоивме 5 милиони евра.

За снабдување со топлинска енергија на делови од градот Скопје остваривме 2,9 милиони евра месечна заштеда, а со намалувањето на акцизите и на висината на ДДВ-то за горивата и другите беа заштедени 3 милиони евра месечно.

Со одговорно однесување на сите субјекти, ќе ја надминеме и оваа криза, како што ја надминавме најголемата економска криза предизвикана од КОВИД-19 пандемијата, наведувата од Владата.

Владата апелира да не се потклекнува на лажните информации кои предизвикуваат притисок на пазарот и на инфлаторните движења.

Дезинформациите, без разлика од кого доаѓаат, вклучително и одредени политички партии, не користат никому, бидејќи само поттикнуваат дополнително продолжување на кризата, се наведува во соопштението. 

АНТИКРИЗНИ МЕРКИ СО РЕБАЛАНСОТ ВЛАДА ЗА ЦЕНОВЕН ШОК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.