Атина: Шведската активистка Грета Тунберг синоќа пристигна во Грција каде толпа луѓе ја пречекаа со овации откако таа, заедно со стотици други активисти, беше приведена од Израел на отворено море и депортирана поради обид за доставување хуманитарна помош во Газа.
Израел соопшти дека вчера протерал 171 активист, вклучувајќи ја и Грета Тунберг, со што бројот на депортирани активисти се искачи на 341, од 479 приведени откако Израел пресретна флотила што се обиде да ја пробие поморската блокада на Газа.
Грчкото Министерство за надворешни работи соопшти дека 161 активист вчера долетале во Атина, вклучувајќи ја и 22-годишната Тунберг. Меѓу нив имало 27 Грци, како и граѓани на приближно 20 други земји.
– Сакам да бидам многу јасна. Таму се случува геноцид, изјави Тунберг пред толпата на аеродромот во Атина, осврнувајќи се на војната на Израел во Газа.
Меѓу деветте членови на флотилата кои пристигнаа дома во Швајцарија, неколкумина тврдеа дека биле лишени од сон, вода и храна, како и дека биле тепани, клоцани и затворани во кафези, соопшти групата што ги застапува.
Израелското Министерство за надворешни работи ги негираше обвинувањата.