Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По два месеца законските измени за паралелен увоз на седница на Влада

1
By Менче Атанасова Точи on March 27, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Законот за лекови кој пред два месеца од Собраниска комисија беше вратен на доработка заради технички измени во делот на паралелниот увоз,  денеска конечно е ставен на дневен ред на седница на Влада, потврди за НОВА министерот за здравство Венко Филипче.

Неофицијално, измените на Законот биле завршени минатата недела, но наместо во Собрание каде што бил пратен законот,  Законодавно правната комисија го вратила назад во Влада каде што денеска ќе се разгледува на седница.  По, ова се очекува измените да се најдат во Собраниска комисија за здравство, со што следува и јавна дебата.

На изненадување на сите, министерот Филипче го повлече законот пет минути пред да биде ставен на прво читање на Комисијата за здравство во Собрание на 26 јануари годинава. Тогаш тој објасни дека законот го повлекува заради технички проблеми, однсоно неколку зборови кои треба да претрпат промена бидејќи можат да доведат до различни толкувања. Сега,  министерот Филипче вели дека освен тие неколку збора, законот морало целосно да биде прочешлан за да не се случат пропусти.

„ Законот е работен детално, се работеше од сите аспекти. Новината е во тоа што задолжително ќе се бара сертификат за квалитет директно од производителот, а се укинува и можноста Агенцијата за лекови да распишува тендери за лекови. Во сите постапки за набавка на лекови веќе се бара сертификат иако измените на законот не се уште донесени. Таков е примерот со набавката која е направена за лекови за ретки болести“, изјави за НОВА, министерот Филипче.

Ваквото објаснување на министерот не е многу убедливо за фармацевтската фела, производителите и веледрогериите кои увезуваат лекови. Тие сметаат дека поради мала техничката корекција,(за која пред два месеца Филипче најави дека ќе биде завршена за една недела), законот е непотребно задржан цели два месеца, а за тоа време работите не мрднаа од место. Тие сметаат во овој период од два месеца во државата продолжија да се внесуваат лекови од паралелен увоз од веќе добиените тендери и јавни набавки. Еден од нив е и за лекот  Нилотиниб (Тасинга) за болните од хронична миелоична леукемија кој доби на тендерот на Агенцијата за лекови, а требаше да биде внесен преку паралален увоз најверојатно од Турција.

Како што веќе објави НОВА, наместо да го набават директно од производителот Новартис кој има застапник во Македонија, Агенцијата за лекови распишала тендер на кој добила веледрогеријата Др. Пановски. Станува збор за скап лек за кој месечна терапија чини околу 3.500 евра, а е наменет за 20 пациенти кои се наоѓаат во многу тешка здравствена состојба. За оваа цел производителот и воедно носител на одобрение на лекот, Новартис, ја намалил цената за дури 50 проценти, односно од еден милион евра, цената е спуштена на половина милион  при што производителот гарантира и дека лекот е оригинален и сигурен.

Но, за надлежните во здравството очигледно намалената цена на лекот не им била предизвик, па распишале тендер преку Агенцијата за лекови, а на тендерот добила веледрогеријата „Др. Пановски“.

Поради ова и поради тоа што Владата не превзема мерки за заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните и не бара одговорност по серијата истражувачки стории на НОВА за паралелниот увоз на лекови (за што и ОЈО започна истрага) последно реагираше Ристо Лузевски, сопственик на веледрогеријата „Промедика“, кој преку отворено писмо до Владата бара одговор, што по откритијата за постоење на фалсификувани и неквалитетни лекови во земјата.

„ Веруваме дека надлежните во Владата и другите институции на системот имаат премногу обврски, но тоа не значи дека  здравјето и” играта со смртта” во трката за екстра профит на одредени структури треба да го изгубат приоритетот кој ова прашање го заслужува. Решавањето на проблемите со неквалитетни лекови се однесува на сите граѓани на државата и е над партиско и над политичко прашање, а најмалку е профитерско.

Ако до пред некој месец за овие проблеми само се шепотеше па институциите имаа оправдување зошто не превземаат ништо, денес со вака  јавно и јасно објавени и точно дефинирани проблеми и надлежности, повеќе од сигурно е дека Владата и институции имаат обврска и одговорност да преземат СЕ што е неопходно за да обезбедат квалитетни лекови за граѓаните на Р.Македонија“, се вели во јавно објавеното писмо на сопственикот на веледрогеријата која не учевствува во постапките и не увезува лекови од паралелен увоз.

И пациентите со дијабетес бараат гаранција за квалитет на инсулинот со наредната набавка на оваа терапија, која Министерството за здравство треба да ја направи следните месеци. Сето тоа ќе зависи од законските измени за паралелен увоз на лекови кои што ги вети Министерството за здравство.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.