Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По две недели одмор ќе добијат преморените здравствените работници во ГОБ „8 Септември“

0
By Менче Атанасова Точи on July 4, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По две недели одмор ќе добијат здравствените работници во ГОБ “8 Септември“, болница која веќе четири месеци функционира како Ковид центар. Ова за НОВА го изјави проф.др. Христијан Костов, директор на болницата.

Списоците за одмор за лекарите се веќе направени, се прави распоред за медицинските сестри за да се види кои ќе имаат приоритет за одмор, а кои ќе останат да чекаат за од септември.

„ Од 10 јули ќе можат да користат одмор по две недели. Списоците за лекарите веќе се направени, а за медицинските сестри се прават анализи бидејќи некои од нив кои беа позитивни или во самоизолација останаа дома подолго време, некои и по еден месец и тие ќе може да земаат одмор од септември“, изјави за НОВА, директорот Костов.

проф.др.Христијан Костов, директор на ГОБ“8 Септември“

Тој вели, има разбирање дека се преморени, особено во одделот за интензивна нега и шок соба и токму затоа е донесена оваа одлука. Претходно за нив не беше предвиден одмор како на другите клиники иако тие не лекуваат пациенти со Ковид.

Лекарите, анестезиолозите кои ги третираат најтешко болните велат дека се на крај на силите и дека се уште се воздржуваат од крајните мерки, без да прецизираат какви се тие крајни мерки. Сепак, нагласуваат дека нема да ги напуштат пациентите бидејќи тие не смеат да страдаат, но трпението веќе е на граница.

Бараат да се донесат лекари од други болници во внатрешноста и да се организира обука за медицинските сестри кои доаѓаат од други болници за да можат да се снајдат во новите и многу тешки услови со пациенти на респиратори.

„Трпението е на граница, но се уште се воздржуваме од крајните мерки. Никогаш не би ги напуштиле пациентите, тие не смеат да трпат. Но, треба да се знае дека товарот е префрлен на нас, тука се носат најтешко болните. Дежурствата се многу напорни, сега е топло а ние сме со заштитна опрема, со скафандери, маски наочари, неколку пара ракавици. Неиздржливо е “, велат лекари од одделот за интензивно лекување на пациенти со Ковид.

Анестезиолозите секојдневно се борат за живот на најтешко болните, ги интубираат, реанимираат, ги приклучуваат на респираторни машини во моментите кога се задушуваат за воздух. Медицинските сестри паѓаат од умор, колабираат, повраќаат од премореност од работа. Затоа бараат да се стопира приемот на нови пациенти и да се промени пристапот за да не биде целиот товар на болницата „8 Септември“.

“Треба да има промена на пристапот, болниците во внатрешноста да си ги примаат пациентите од тие градови и околината. Досега требаше овие медицински центри да се подготват, технички да с е опремат, а медицинскиот кадар да се обучи за пристапот во лекување на пациенти со Ковид“, велат лекарите.

Во вторник на интензивниот оддел ќе добијат засилување од двајца анестиолози од КАРИЛ, но велат дека треба поддршка и од останатите јавни здравствени установи во државата.  Лекарите велат дека се запоставени, донациите одат на Инфективна клиника, тие добиле само флаширана вода од една фирма за да се освежат кога ќе излезат од интензивна нега или шок соба.

“ Анестезиоозите и сестрите кои ги третираат најтешко болните од Ковид, се растргнати. Некогаш интервенираат по тројца на еден пациент кој се бори за воздух. Во една таква атмосфера, треба и материјална стимулација. Тие 20 проценти до плата што ги добивме, не се ништо и заради тоа има голем револт, исто така“, велат анестезиолози за НОВА.

И директорот Костов исто така смета дека ваучерите кои ги добиле вработените не се доволна стимулација за напорот и жртвата што ја прават постојано, за секој пациент. Вели дека прави напори за да се реши тој проблем и да се стимулираат вработените.

“Болницата е голема и моќна, проблем е медицинскиот кадар кој е преморен, се согласувам со нив за тоа. Нема ниту еден вратен пациент, ниту еден непрегледан. Правам напори, поднесувам барања да се најде начин да се стимулира кадарот“, рече Костов.

Фото: Медицинска сестра со лузни на лицето од заштитна маска

Тој нагласи дека уште една категорија на вработени се оштетени бидејќи не добиле ваучер со зголемување од 20 проценти. Станува збор за околу 60 вработени, помошен персонал кој исто така имале контакти со заболени, облекувале скафандери за да интервенираат, да си го сработат својот дел од работата.

Тоа се вработени во пералната, кујната, водоводџии и друг технички персонал, за кои вели дека неправедно не добиле зголемување, како стимулација. Директорот Костов вели дека одредбата на Влада поминала без оваа категорија вработени, тогаш биле испуштени, па сега треба да се чека на нова одредба.

Во болницата во моментот има 120 докажани пациенти со Ковид, а 38 се се уште со клиничка слика и чекаат брисевите да станат негативни и состојбата да им се подобри. Во моментот шест пациенти се на респираторни машини.

Тие ја имаат целокупната потребна терапија, но за нив се грижи преморен медицински персонал кој деноноќно работи од 16 март, откога болницата стана Ковид центар.

Како што веќе објави НОВА, состојбата во болницата е драматична, а слики на очај и премореност може да с е видат во интсензибниот оддел, во шок соба и Ковид центарот.

Ситуацијата станува неиздржлива и здравствените работници  од  болницата  апелираат до надлежните за побрзо решавање на проблемот, за да не дојде до непосакуваното, до колапс на здравстениот систем во единствената болница во која се лекуваат најтешко болните со Ковид-19, од цела држава.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.