Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По изјавата за Илинден: Борисов се закани, Заев тврди било невнимание

0
By Нова ТВ on August 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска одговори на прозивките во јавноста во Бугарија, кои настанаа по неговата изјава во интервјуто за 1ТВ во врска со Илинденското восптание, во која тој ова востание го нарече македонско.

– Гледам во пријателска Бугарија се отвори јавна дебата и се постави дури и прашањето за тоа дали ние двете земји и двата народа градиме искрено пријателство и соработка. Сакам да им порачам на сите граѓани, дури и на критичарите во Македонија и во Бугарија, да немаат дилема дека пријателството и соработката се искрени, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

Тој посочува дека повеќе од една година чествуваме заеднички делови од историјата меѓу двата народа и оти неколку пати заедно одбележуваме историски настани.

– Јас сум првиот премиер на Македонија што во Бугарија (Благоевград) се поклони пред споменикот на Гоце Делчев при заедничкото одбележување на празникот. Претходно мојот пријател, господинот Борисов, беше прв бугарски премиер кој се поклони пред гробот на Гоце Делечв во Македонија (Скопје) при заедничкото одбележување на празникот. Заедно двајцата претседатели на влади се поклонивме и пред споменикот на Цар Самоил во Софија. Заедно во Рим, во Ватикан оваа година ги славевме Светите браќа Кирил и Методиј, заедничките сесловенски просветители. Премиерот Борисов дојде во Скопје специјално  да се поклони пред споменикот на Холокаустот на Евреите, појаснува премиерот.

Во постот на социјалната мрежа тој истакнува дека се гради искрено пријателство кое, како што вели, неколку децении наназад беше изгубено и оти тоа беше загуба за двете земји.

– Ние повторно го најдовме нашиот пријател и брат. Да не дозволиме да  се враќаме назад. Тоа ни е обврска пред нашите деца. Некогаш можеби не сме доволно внимателни ние политичарите, некогаш правиме и грешки, но ве уверувам дека тоа е само невнимание, затоа што искрено сакаме соработка и пријателство како што тоа го потпишавме во Договорот за добрососедство и пријателство. Зарем можеме да заборавиме како премиерот Борисов и министерката Захариева се бореа за Македонија во Министерскиот совет на ЕУ и во Советот на Европа, за Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ? Се бореа како што се борат за својата земја. Зарем можеме да се правиме слепи и глуви кога гледаме и слушаме се што Бугарија направи и успее во тоа да и помогне на Македонија за добивање на поканата за членство во НАТО? Зарем цела Европа не виде како  Бугарија помага за Македонија и Западниот Балкан да се приближат кон ЕУ? Никогаш нема да го заборавиме тоа пријателство кое е докажано на дело. Ние сме благодарни и многу го почитуваме тоа, вели Заев и додава дека затоа заедно ќе го славиме и чествуваме нашето минато и на темелите на тоа минато ќе продолжиме да ја градиме нашата заедничка иднина.

По изјавата на Заев, во бугарската јавност се појавија остри реакции и напади кон Заев.

Тамошната опозиција го повика бугарскиот премиер, Бојко Борисов, да побара објаснување од Заев. Министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, на тоа одговори дека Илинденското востание можеби географски е македонско, но историски е бугарско.

Борисов, пак, дури вчера одговори порачувајќи му на Заев два пати да размисли пред да каже и се закани со поддршката на Бугарија за приемот во ЕУ.

-Ако го кажал тоа со умисла, или непремислено, пак е на негова штета. Затоа што кога ќе дојде до вратите на ЕУ и ние исто треба да дадеме наша согласност и ќе се потсетиме на овие работи. Мојот совет кон сите е да бидеме повнимателни, изјави Борисов.

Интелектуалната јавност во Бугарија пак бара Софија да испрати протестна нота.

Борисов Заев Илинденско востание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.