Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По Ковид кризата во Индија најверојатно ќе следува огромна криза во Непал

0
By НОВА ТВ on May 11, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ковид кризата во Индија можно е конечно малку да се намалува, но вториот бран на Корона вирусните инфекции кој е сѐ уште е крајно убиствен не ближи крај. Вчера беа регистрирани 329 517 случаи на Корона вирусот во Индија што е помалку од претходните денови, но сепак е крајно загрижувачка. Сега слична судбина може да го снајде Непал, помала држава која се граничи со Индија со популација од 28.6 милиони жители.

Во последниот месец, бројот на Корона случаи значително се зголемува. Вчера биле регистрирани 9 127 позитивни случаи на Корона. Ситуацијата е критична во северен Непал, но и во западниот дел од државата.

Од The Guardian известуваат дека Непал очекува слична криза како во Индија, особено заради граничењето со Индија. До сега веќе имало многумина кои ја поминале непалско-индиската граница и најверојатно ја донеле новата варијанта на вирусот во Непал, а и се очекува уште 400 000 мигранти да се вратат во Непал наскоро.

Стапката на позитивност на Ковид е 47%, една од највисоките во светот, а случаите се зголемија за 1.200% само во последните неколку недели.

Слично како кризата во Индија каде веќе крахира здравствениот систем, во Непал се случува нешто многу слично. Капацитетите во болниците во Непал се полни, дури и во главниот град Катманду и во приватните болници, а многумина умираат заради недостиг на кислород, исто како во Индија. Дури некои болници не примаат пациенти заради овој недостиг на кислород и лекови.

„Јас сум обучен да не спијам 48 часа, но не сум обучен да ги испраќам пациентите без помош“, вели д-р Ракшја Пандеј, лекар за белодробна нега во Катманду. „И знаеме дека работите само ќе се влошат“.

Според Reuters, Непал до сега има вакцинирано само 4.3% од напалското население. Иако Индија донираше 1 милион Астра Зенека вакцини и Кина донираше 800 000 од кинеските вакцини, Непал во моментот искусува акутен вакцинациски недостиг.

Како што пишува Питер Беумоунт, во светот моментално практично се случуваат две пандемии: една пандемија која е скоро под контрола заради масовна вакцинација во богатите земји и друга пандемија во остатокот од светот каде што илјадници умираат и владите на не-западните држави се молат со богатите за вакцинациски донации.

Главниот проблем е што едноставно не се произведуваат доволно вакцини иако светот има капацитет за поголема продукција. Но заради блокадата од страна на германската влада во Светската Трговска Организација (СТО) за отварање на преговори за да се ослободат патентите на Ковид вакцините чии патенти се заштитени преку закони за интелектуална сопственост преку СТО, продукцијата на вакцини не може да се зголеми. Прашање е дали Германија ќе биде спремна да ја промени својата позиција за ова или пак ќе дозволи илјадници луѓе да умираат за да се заштитат интересите на фармацевтските компании.

 

Елена Гаговска

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.