По кратко боледување вчера почина Нусрет Дишо Улку, писател од турската националност, автор за деца и млади и преведувач, соопшти Друштвото на писатели на Македонија.
Роден е на 24 март 1937 година во Призрен, Косово. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1967 година. Автор е на поетските збирки: „Деца и дрвја“ (1963 година), „Детски раце” (1967 година), „Триаголник“ (1968 година), „Од сѐ по нешто“ (1977 година), „Море и јас“ (1974 година), „Епопеја“ (1976 година), „Внатрешен рев“ (1988 година), „Големи деца“ (1992 година), „Затворена љубов отворено писмо“ (2011 година) и на прозните дела „Црниот Исмет“ (1973 година) и „Три мечиња“ (1992 година).