Рускиот претседател Владимир Путин наредил ова лето руските функционери масовно да летуваат на Крим.
Според пишувањата на германски Фокус, во таа насока директорот на туристичката служба на русија испратил препорака до сите јавни установи и претпријатија.
Руските власти, на овој начин се обидуваат да спречат колапс на туристичкиот сектор на поранешниот украински полуостров, па токму поради тоа Путин ги охрабрува вработените во јавните претпријатија во што поголем број да резервираат на црно морското крајбрежје.
Досега, од вкупно 8те милиони туристи кои летува на Крим 75% беа од Украина, но по анексијата тие го избегнуваат.