Претседателот на Владата на Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска ќе се сретне со Мендух Тачи, лидерот на опозиционата ДПА.
Средбата е на иницијатива на Груевски, а е прва на овие двајца поранешни коалициски партнери по пет години.
Во ДПА велат дека ќе се разговара за актуелните политички прашања, евроинтеграциите, локалните избори и за политичката криза.
ДПА како опозициска партија не го напушти Собранието по инцидентите на 24 декември минатата година со образложение дека треба да се слушне гласот на опозицијата во Собранието.
Средбата е највена за денеска во 14 часот во Владата.