Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По преговорите во Виена, спорот со името се уште заплеткан

1
By Нова ТВ on March 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нова рунда преговори за спорот за името меѓу Македонија и Грција се одржa во Виена каде што шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коѕијас имаа средба со медијаторот Метју Нимиц.

Димитров и Коѕијас, во пресрет на средбата со посредникот на ОН,  како и минатиот пат, разговорите ги почнаа со неформална работна вечера. Тие претходно во своите настапи повторија дека сакаат да се најде компромис и конечно да се реши спорот.

Позицијата на Грција е сложено име со географска одредница, за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав.

Македонската страна останува на ставот дека слеано име не е најдостоинственото решение, особено не непреведено и секако прашањето да се реши преку меѓународен договор, а не со промена на највисокиот правен акт на државата.

Пред средбата во Виена грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека посакува другата страна да има сила да донесе тешки, но неопходни одлуки.

Димитров: „Не зачудува што колку отворено и поконкретно чекориме кон решение така и тешкотиите излегуваат се повеќе на виделина“

„Има условен напредок во преговорите, бидејќи  како одиме напред  доаѓаме до потешките прашања. И од нашата страна и од нивната страна имаме доста за размислување, и за мерење. Работевме по логиката што е тоа што е најважно за едната страна и за другата страна и дали можеме во компромисот кон кој се движиме да ги покриеме двете работи. Меѓутоа не зачудува што колку отворено и поконкретно чекориме кон решение така и тешкотиите излегуваат се повеќе на виделина“, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров по седумчасовната средба со својот грчки колега Никос Коѕијас и медијаторот на ОН, Метју Нимиц, во Виена.

-Има позитивен напредок во преговорите, но сепак остануваат тешки прашања што треба да се надминат, изјави медијаторот Нимиц.

Според него, цел ден тие имале и тоа бил продуктивен состанок, што го наведува да биде оптимист за иднината.

-И двајцата министри се фокусираат на дологорочните односи, на стабилноста во регионот, на важноста од добри односи помеѓу двете земји и имам надеж дека ќе продолжиме да работиме со овој позитивен пристап, додаде Нимиц по средбата.

– Ги забележавме деталите, што е она за што се согласуваме, а за што не се согласуваме. Ги имаме обележано главните прашања за секоја страна и се на надевам дека на нашата следна средба ќе бидеме подготвени да направиме еден голем чекор, рече Коѕијас, шефот на грчката дипломатија.

Никос Коѕијас додаде дека паралелно со разговорите за името, направена е и позитивна агенда за во иднина, за соработка на двете држави, „доколку, како што се надевам, се реши името“.

Во однос на тоа дали е планирана следна средба, Коѕијас вели дека за „сите неопходни чекори постојат планови и договори“, без да открие кои се плановите за во иднина.

Демантирани шпекулациите од грчките медиуми

По демантот на грчкото МНР дека македонската страна се согласила на промени на Уставот, и министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров се огласи на Твитер, велејќи дека преговорите за името се во деликатна фаза и оти шпекулациите се штетни.

– Процесот за спорот за името е во деликатна фаза и шпекулациите од одредени медиуми се штетни. Јас стојам на моето јавно соопштение и ја информирам јавноста дека не сум дал дополнителни неформални изјави, објави Димитров  на Твитер.

Кусо по завршувањето на средбата во Виена и изјавите на Метју Нимиц, Никола Димитров и Никос Коѕијас, грчкото МНР излезе со соопштение во кое демантираше информација објавена во одредени грчки медиуми дека македонската страна наводно била подготвена да направи уставни промени.

– Никаков дипломатски или друг грчки извор не рече дека скопската страна изјави дека е на располагање да направи одредени промени во Уставот на земјата. Конкретното споменување е намерна провокација од страна на секој медиум што ја пренесе конкретната информација, пишува во соопштението од грчкото МНР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.