Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По Театарот, инспекцијата ги затвори салите во Центарот за култура и киното „Мис Стон“ во Прилеп

0
By Marija Todorovska on April 2, 2025 ВЕСТИ
Фото: Фејсбук профил Нуцк Марко Цепенков
Фото: Фејсбук профил Нуцк Марко Цепенков
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Инспекцијата од Дирекцијата за заштита и спасување ги затвори големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и киното „Мис Стон“ кое е во состав на објектот. Салата и киното се затворени за секаков вид манифестации и приредби се додека не се отстранат сите недостатоци од заштитата.

Центарот решението го доби во текот на вчерашниот ден.

Го добивме решението во кое, меѓу другото, се вели дека нема хидрант, односно тој никогаш комплетно не бил доопремен, нема громобран, не е функционален алармниот систем за пожари, резервниот извор – агрегатот за напојување со струја не е во функција, како и електромоторот за подигнување и спуштање на завесата на сцената во големата сала од „Марко Цепенков“. Освен тоа, инспекторатот констатирал дека некои од излезите од сцената за евакуација се отвораат обратно, ни рече Марија Попова Јованоска, директорка на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Салите ќе останат затворени додека не се отстранат недостатоците. Инаку Центарот за култура непречено може да одржува изложби, концерти и настапи во ликовната галерија и во фоајето.

Неодамна, по инспекциската контрола вон употреба  е ставена зградата на Народниот театар „Војдан Чернодрински“, каде се најдени 15 безбедносни недоследности и пропусти. Со години Ансамблот и градот бараат да се изгради нов театар.

Центарот за култура „Марко Цепенков“ во употреба е ставен во 1979 година.

инспекција кино марко цепенков Мис Стон Прилеп театар Центар за култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.