Три месеци по смртта, семејството на починатиот поп пејач, конечно денеска со мала приватна церемонија го погреба Џорџ Мајкл. Неговите најблиски решија да го испратат без присуство на јавноста, на новинари или фанови.
На погребот беа присутни само семејството и најблиските пријатели кои по закопот со соопштение се заблагодарија на фановите за пораките на љубов и поддршка.
„Може да потвридека дека закопот на пејачот Џорџ Мајкл беше одржан денес. Семејството и блиските пријатели се собраа на мала приватна церемонија за да се простат од саканиот син, брат и пријател. Семејството на Џорџ Мајкл сака да им се заблагодари на фановите од целиот свет за многубројните пораки на љубов и поддршка. Ве молиме за разбирање и почитување на нашата приватност“ стои во соопштението.
Џорџ Мајкл почина на 25 декември, на католички Божиќ, во својот дом во Оксфордшир од здравствени проблеми со црниот дроб.