Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

0
By Zoran Ivanov on October 7, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 7, 2025 10:17

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во судница, со реакција излезе македонското Здружение на судии, кое апелира на влијателни поединци и структури да се воздржат од неодмерени изјави зашто создаваат атмосфера на недоверба и притисок.

Овој чин претставува сериозен напад врз независноста и достоинството на судиската функција и е потсетник дека судиите мора да можат да ја извршуваат својата работа слободно, професионално и без страв за личната безбедност. Владеењето на правото е можно само кога судството е заштитено од каков било притисок или закана. Здружението упатува апел до сите релевантни институции и чинители во општеството да придонесат кон зачувување на достоинството и безбедноста на судиската професија. Воедно, повикуваме на особена внимателност во јавното коментирање на судските постапки и носителите на судската власт, особено од страна на влијателни поединци и структури, бидејќи неодмерените изјави можат да создадат атмосфера на недоверба и притисок, што индиректно може да поттикне несакани и трагични настани. Здружението на судии на Република Северна Македонија останува посветено на промовирањето и заштитата на независноста, непристрасноста и безбедноста на судиите, како основа за праведно и демократско општество – се вели во реакцијата на Здружението.

Владејачката структура, особено во кампањата ги засили критиките кон правосудството обвинувајќи дека дел од судиите и обвинителите се корумпирани и дека шуруваат со претходната власт. Премиерот Христијан Мицкоски ги нарекува судиите и обвинителите „последниот бастион на криминалот и корупцијата“ и вели дека не ги заслужуваат и платите што ги добиваат, иако Европската комисија бара нивно зголемување.
Апелацискиот судија Астрит Каљаја вчера беше однесен во болница во Тирана каде што им подлегна на повредите. Сторителот Ѓан Шлемби испукал три куршуми во судијата Калаја, веднаш откако почнал да ја чита донесената одлука во врска со неговиот случај.

Судијата Калаја водел случај околу сопственоста на поранешна училишна зграда во северниот град Скадар, во која биле сместени 31 семејство. Семејствата го тужеле Шлемби дека со фалсификувани документи станал сопственик на објектот и на околната површина и барал од нив да го напуштат објектот.

Се истражува како убиецот минал преку неколку физички проверки и детектори за метал.

Извор: Слободен печат.мк

 

заштита регираат судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.