Вокалот кои ги освои срцата на Европа по својата победничка песна на последната Евровизија, Португалецот Салвадор Собрал е во болница во Санта Круз поради проблеми со срцето.
За Собрал се знаеше во јавноста дека има проблеми со срцето, а се чини дека се трка со времето и неговиот живот е во опсасност.
Пораки со поддршка на талентираниот Собрал пристигнуваат од сите краишта на светот. Брзо закрепнување му посакаа поранешниот победник на Евровизија, Александар Рибак од Норвешка, Украинката Џамала и шпанскиот претставник на овогодинашниот избор Мануел Наваро.
Последниот настап пред да биде хоспитализиран Салвадор го имаше на 8.септември.